Форум за криминалистика и криминологија
 
HomeCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)

Go down 
AuthorMessage
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)   Sat Jan 26, 2013 3:13 pm

Темата е посветена на подобрите Линукс дистрибуции со кои можете да го оживеете вашиот „мртов“_компјутер_без_хард-диск. Се работи за лесни дистроа кои целиот оперативен систем го вчитуваат во RAM-меморијата, т.е. не им е потребен тврд диск за инсталација. Ова, сепак, значи, дека секој пат кога ќе го вклучувате вашиот компјутер/лаптоп, ќе треба да имате вметнато бутабилно CD, мемориска картичка или USB.

Започнуваме со една многу интересна дистрибуција:
Lightweight Portable Security
Официјална страна: http://www.spi.dod.mil/lipose.htm

LPS е Линукс-проект на американскиот Департмент за одбрана, со цел развој на Линукс-дистрибуција која ќе работи исклучиво во RAM-от на машината и која нема да остави никакви електронски траги и промени по нејзиното исклучување. Никаков вирус не може да биде впишан на хард-дискот на кој е вчитан LPS (доколку има таков), ниту пак било каква информација за тоа што е работено на компјутерот.

Firefox е дифолтен и единствен прелистувач. Има и алатка за енкрипција и криптирано праќање информации. Основната верзија тежи 185 MB, додека Deluxe верзијата со вграден Apache OpenOffice и Adobe Reader скоро 400 MB. На компјутер со 2GB RAM/1.6 GHz се вчитува за 40тина секунди, се гаси за 5.

Интерфејсот му е сличен на Windows 2000.





Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.board-directory.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)   Sat Jan 26, 2013 3:51 pm

Tiny Core Linux - цел оперативен систем со големина на две .mp3 песни
Официјална страна: http://tinycorelinux.net/downloads.html

TCL е Линукс оперативен систем (дистрибуција) чија основна Интернет-функционална верзија тежи неверојатни 12 MB. Верзијата со поддршка на безжичен интернет е 64 MB.

Дистрибуцијата се карактеризира со естетика и минимализам во исто време.
Се вчитува целосно во RAM-от на компјутерот (потребни се најмалку 46 MB RAM и процесор од Pentium II па нагоре).

Недостаток е што на компјутери без хард-диск, му е потребно релативно долго време да се вчита (со се процесот на барање драјвери од HDD спремен е за користење за 5 до 7 минути).

Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.board-directory.net
Nick
Admin
avatar

Posts : 43
Points : 88
Join date : 2013-01-15

PostSubject: Re: Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)   Fri Feb 01, 2013 11:33 pm

Puppy Linux - најдоброто од Linux

Официјална страна: http://puppylinux.org/main/Download%20Latest%20Release.htm
Форум: http://www.murga-linux.com/puppy/index.php

Puppy Linux е lightweight дистрибуција на Линукс која тежи 132 (166) MB.
Може да се инсталира на хард-дискот од компјутерот, или да работи од RAM меморијата.

Станува збор за една од најкомплетните Линукс дистрибуции. За 132 MB освен целосен оперативен систем со видео и wlan драјвери, добивате и стотина програми за секојдневна употреба. Постои можност за дополнително инсталирање на многу софтверски пакети.

На компјутер без хард-диск се вчитува во RAM-от за 2-3 минути. На останатите за помалку од 30 секунди, а се исклучува за 5-6 секунди (освен првиот пат кога се креира папка со сетинзи).

Минималните препораки за конфигурацијата се 128 MB RAM, 512 MB HDD и 500 MHz процесор.








Back to top Go down
View user profile http://kriminalist.board-directory.net
Sponsored content




PostSubject: Re: Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)   

Back to top Go down
 
Linux Lightweight дистрибуции (расипан HDD, работа од RAM)
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» 1st Tenkaichi Bending-Kai Lightweight Quarter Final Round - First Match: Kyoko Vs. Lindsey ^^
» THE SMOKE OF LIGHTWEIGHT FABRIC ♦ oneshot
» Tsuna Kozato; Crystal Make Magic

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Криминалист :: Информатика-
Jump to: